Јованчев: Едноставно – спортот е суров

314

Македонската кадетска репрезентација нема да игра 1/4 финале на ЕП „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје.  Причината е оној единствен пораз од Естонија.

Македонија останува да се бори за местата од 9. до 16. Очекувано, разочарување кај играчите и кај стручниот штаб, предводен од селекторот Александар Јованчев е големо.

„Едноставно кажано, спортот е суров. Неверојатен расплет на натпреварите нė стави во позиција да не одиме понатаму. Апсолутно заслуживме да бидеме во најдобрата ‘осумка’ и веројатно со големи шанси да бидеме во најдобрите четири, земајќи го предвид квалитетот на групата со која што требаше да ‘вкрстиме’“, вели предводникот на оваа генерација.

Следува оној втор дел од шампионат во кој Македонија ќе се бори максимално, како што вели селекторот, до самиот крај.

„Планот за групната фаза беше исполнет со трите победи. Им честитам на играчите за она што го прикажаа до сега. Останува да ја одбраниме честа на националниот дрес и сигурен сум дека ќе дадеме се од себе да го завршиме првенството без пораз“.

Македонија ќе игра против Данска, меч кој е закажан за утре, доколку победи ќе се сретне со подобриот од Португалија и Исланд.

ПретходноГрешка во превод или трансфер на кариерата на Иван Перишиќ во – Барселона?!
СледноМакедонските екипи на мегдан на стартот на турнирот во Струга