Грешка во превод или трансфер на кариерата на Иван Перишиќ во – Барселона?!

1073

Веста која го потресе хрватскиот фудбал е разделбата на Иван Перишиќ и Хајдук. Бајката кратко траеше, па доаѓањето на Иван Ракитиќ ова лето е дури во сенка.

По несогласувањата со тренерот Гатузo, Перишиќ беше отстранет од тимот, што на крајот доведе до раскинување на соработката. Играчот ја откри својата страна на приказната, како што вели, ја ризикувал кариерата за Хајдук и сфатил дека е најдобро да си замине.

Интересно, каталонски извори ја пренесоа веста дека Ханси Флик го поканил Хрватот да му се придружи во Барселона. Но, проблемот е што веројатно имало грешка во преводот.

Имено, каталонските медиуми објавија дека Флик го посакува Перишиќ како слободно засилување на левото крило, по неуспешниот трансфер на Никo Вилијамс. Каталонците се повикаа на хрватскиот далматински портал, но нивниот напис содржи малку поинакви информации.

„Од првиот ден до денес останав на договорот, поставените правила, но и мојот збор, бидејќи два пати по Европското првенство одбив понуди од сериозни клубови за да му помогнам на клубот ова лето“, изјави Перишиќ, се зборовите а ги пренесува далматинскиот портал и продолжува:

„Неофицијално дознаваме дека една била Севиља, а не Барселона, како што пишуваше“, се вели во написот.

Овој напис беше објавен на бројни страници на навивачите на Барселона дека „Флик го сака Перишиќ“, што очигледно не е точно.

ПретходноПовреда во последен момент ги смени плановите на Анчелоти пред стартот на Суперкупот
СледноЈованчев: Едноставно – спортот е суров