Едуардо Камавинга, младиот играч за врска на Реал Мадрид и репрезентацијата на Франција, поради повреда ќе биде надвор од терените најмалку 6 – 7 недели или околу два месеци. Тој вчера на последниот тренинг пред вечерашниот меч од Супекупот со Аталанта, го повредил внатрешниот колатерален лигамент и затоа нема да биде во составот на вечерашниот меч, но и на сите мечеви на Реал до октомври.
Оваа вест попладнево ја потврдија и од страна на клубот од Мадрид.
Се разбира дека оваа повреда ќе му создаде дополнителни главоболки на стратегот на “кралевите“ Дон Карло Анчелоти.
А од видеото можете да видите како Камавинга се повреди:
Glad that Camavinga was still walking after this because the sound of his screams after the tackle worried me. I hope his injury isn’t serious. pic.twitter.com/2zqhrawy0Q
— WolfRMFC (@WolfRMFC) August 13, 2024