Инзаги сака уште едно ново засилување

477

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за претстојната сезона, во која „нероаѕурите“ ќе ја бранат историската титула која им донесе втора ѕвезда на дресовите.

„Очекувам да бидеме сконцентрирани бидејќи во последните сезони секој што треба да ја брани титулата има проблеми. Разговараме за тоа со играчите, мора да бидеме фокусирани на сопствените цели“, рече Инзаги.

Тој даде свое мислење и за новите засилувања во тимот:

„Зиелински е играч со одлична техника и ќе ни помогне. Тареми има искуство на меѓународно ниво со многу постигнати голови и многу брзо се вклопи во тимот. Мартинез е oдличен голман и во овој момент има волја за учење. Пазарот се затвора на крајот на месецот. Знаеме дека имаме празнини во одбраната поради проблемите на Бјукенан и разговаравме во клубот. Ќе видиме дали до крајот на месецот ќе успееме да добиеме уште еден дефанзивец“, додаде Инзаги.

ПретходноМурињо по елиминацијата: И така немаше да ја освоиме Лигата на шампионите
СледноБарселона не пријави пет фудбалери за стартот на Ла Лига, еден од нив е најновото засилување!