Денеска стартува традиционалниот меѓународен ракометен турнир во Струга, па програмата е 52. издание. Отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе биде во центарот на вниманието. Бранителот на трофејот е Вардар 1961.
Првиот ден е резервиран за пресметка меѓу македонските екипи, домаќинот Струга ќе ги одмери силите со Пелистер (18:30 часот), по што следува свеченото отварање. Денот ќе го затворат Вардар 1961 и Тиквеш (20:40 часот).