Модриќ вечерва може да стане најтрофејниот “крал“ во историјата на Реал Мадрид!

420

И дефинитивно е јасно дека Лука Модриќ е легенда на Реал Мадрид. Повеќе од една деценија тој се прашува за тоа како ќе играат “кралевите“, со својата виртуозност му даваше посебен шарм во средниот ред на тимот од „Сантијаго Бернабеу“.

Хрватот во белиот дрес на Реал ќе игра најмалку до јуни, и ете шанса да се впише во историјата на најголемиот клуб во светот.

Аско Реал вечерва во Варшава слави против Аталанта во Суперкупот на УЕФА, тоа ќе биде 27-тиот трофеј на Лука како играч и на “кралевите“ и со тоа ќе биде најтрофејниот играч на овој клуб во неговата историја.

Досега по 26 трофеио на делба на првото место се Модриќ и Начо, ама овој вториот не е веќе во Реал, па со секој нареден трофеј токму Лука избива сам на листата.

Лука досега за Реал одигра 534 натпревари, постигна 39 голови, имаше и 85 асистенции. Освои 26 трофеи.

Во случај на победа вечерва, Модриќ заедно со својот клупски колега Карвахал ќе имаат по пет пехари и во Суперкупот и ќе ги надминат Ари Хан, Паоло Малдини, Дани Алвес, Карим Бензема и Тони Крос.

Ете каква величина е Лука Модриќ.

ПретходноРК Вардар го промовираше Стаменковиќ! (ФОТО)
СледноБрозовиќ нема веќе да игра за Хрватска!