Шчесни по седум години го напушти Јувентус

317

Полскиот голман Војчех Шчесни не е повеќе фудбалер на Јувентус. Тој имаше договор до летото 2025 година меѓутоа го раскина по доаѓањето на Микеле Ди Грегорио од Монца.
Искусниот 34-годишен чувар на мрежата седум години помина во Јувентус, одигра 252 натпревари од кои 200 во Серија А и 103 чисти мрежи. Си заминува со осум освоени пехари од кои три шампионски, три Купа и два италијански Суперкупа .

ПретходноСимболот на црногорскиот женски ракомет најави пензионирање
СледноОФИЦИЈАЛНО: Бруно го продолжи договорот со Јунајтед до 2027 година