Брера се засили со 20-годишниот Самуел Наков Фуентес

1399

Македонскиот прволигаш Брера продолжува да ги засилува своите редови.
20-годишниот Самуел Наков Фуентес кој има македонско и шпанско државјанство стана дел од нашиот прв тим. Тој склучи договор за Брера откако минатата сезона настапуваше за второлигашот Дунав Русе во Бугарија каде имаше девет настапи.
Самуел Наков Фуентес потекнува од младинските погони на малиот шпански клуб Рода од Виљареал каде бил и член а во својата кариера има настапувано и за АО Ханиоти од Грција. Тој игра во средниот ред но и во нападот и поседува одлични перформанси.

ПретходноСудии за ПМФЛ: “Дербито на Македонија“ за Стојчевски!
СледноОпстанокот е обезбеден: Македонските кадети ја победија Италија