МЗТ Скопје ги почна подготовките за одбраната на двојната круна

342

Македонскиот кошаркарски првак вечерва го означи стартот на подготовките за новата сезона. Под палката на тренерот Васко Атанасов, „штрковите“ го одработија првиот тренинг од подготовките за новата сезона во која ги очекуваат предизвици на патот до одбрана на двојната круна на домашна сцена и кон обидот за враќање во јадранската елита.

Американецот Брандон Слај и Србинот Милош Копривица, беа двете нови лица кои се појавија на паркетот во салата „Јане Сандански“, заедно со староседелците Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Марин Петков и Хрватот Марко Баковиќ.

Новата сезона за МЗТ Скопје ќе почне на 24 септември со мечот против Теодо Тиват на домашен терен од АБА2-лигата, а во меѓувреме е планирано одигрување на најмалку пет-шест пријателски натпревари со силни ривали.

ПретходноСтруга 2024: Порази на Струга и Тиквеш, ги очекува битка за петтото место
СледноЛуис Енрике: “Без Мбапе ќе покажеме дека фудбалот е тимска игра!“