Анчелоти го престигна Пеп и се изедначи со легендарниот тренер: Чест ми е! Мбапе може и до 50!

274
ФОТО: FC Real Madrid/Twitter

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше воодушевен од победата од 2:0 над Аталанта во Суперкупот на Европа. Ова беше прв официјален натпревар на „кралскиот тим“ за оваа кампања и за тренерот беше важно неговиот тим да стартува со успех.

„Многу тежок натпревар, особено во првото полувреме. Во вториот дел бевме многу подобри, создадовме повеќе шанси… Винисиус ги покажа своите квалитети и покрај тешкотиите успеавме да се справиме. Аталанта покажа многу добар фудбал, играше дисциплинирано во одбраната и беше многу тешко да се најдат простори за да се искористат предностите.

Мбапе беше одличен во првиот натпревар за него, одигра добро. Нашиот тим е доста добро избалансиран, добро склопен, со Џуд Белингам имаме многу квалитет во овој тим. Но, мораме да можеме да играме заедно. Добро е што имаме толку квалитетни играчи“, изјави Италијанецот.

Италијанскиот стратег синоќа урна нов рекодр. Седеше на клупата на Реал од 2013 до 2015 година, а повторно ја презеде во 2021 година. Вчера го освои 14. трофеј со клубот, трет со него во ова натпреварување (2014, 2022, 2024), но и вкупно петти откако двапати го предводеше Милан до победа во Суперкупот на УЕФА (2003, 2007). Ова го направи тренер кој најмногу пати го подигнал овој трофеј.

Досега беше изедначен со Пеп Гвардиола, кој ја освои конкуренцијата со Барселона во 2009 и 2011 година, со Баерн во 2013 година и со Манчестер Сити во 2023 година. Исто така, ниту еден тренер во историјата на Реал сега нема повеќе трофеи од Анчелоти. По 14 освоија тој и легендарниот Мигел Муњоз, кој го предводеше Реал во 1959 година, а потоа и од 1960 до 1974 година.

„Чест и привилегија е да се доживеат вакви моменти“, рече Анчелоти.

„Малку настрадавме во првото полувреме бидејќи Аталанта притискаше и добро се бранеше. Во второто, кога тие се изморија, добивме повеќе простор, а со тој простор Родриго, Винисиус и Килијан Мбапе станаа многу опасни. „Мбапе има квалитет. способен е да постигне повеќе од 50 гола. Мора да најдеме баланс во тимот. Го имавме денеска, иако беше тешко во првото полувреме. Но, одигравме одлично во одбраната“.

ПретходноМбапе по освојување на трофејот: Долго време го чекав овој момент!
СледноСе појави видео-снимка од жестоката расправија на таткото на Ламин Јамал кој беше прободен со нож (ВИДЕО)