Се уште е отворена тема на муабет во фудбалскиот свет дали Винисиус ќе ја прифати понудата на Ал Ахли и за милијарда евра ќе се пресели од Реал Мадрид во С. Арабија. Бразилецот кажал наводно дека не размислува за такво нешто барем засега.
Исто така уште поодамна се знае дека и Лука Модриќ одби тешки милиони од пребогатите Саудијци, и посака да остане во Мадрид, на “Сантијаго Бернабеу“.
Значи Винисиус и Модриќ не сакаат, но има има друва ѕвезда на Реал која би прифатила баснословна понуда.
Неговото име е Едер Милитао, стоперот на Реал Мадрид, кој како што пренесуваат инсајдерите, веќе почнал преговори со Саудијците, но тие течат доста споро и траат веќе неколку дена. Планот е прво да се дојде до договор за личните услови со играчот а потоа да се “натера“ Дон Флорентино Перез, со голема сума на пари да го “пушти“ бразилскиот дефанзивец.