Го купија за 49 милиони евра, тој ги разочара, па сега го праќаат на нова позајмица

2598

Англискиот играч за врска, Калвин Филипс имаше фантастични настапи за Лидс Јунајтед поради што го сврте вниманието на многу други клубови. Пеп Гвардиола и Манчестер Сити беа побрзи и го донесоа во своите редови.

Летото 2022 година, сега 28-годишниот фудбалер, ги чинеше „граѓаните“ 49 милиони евра, но овој трансфер се покажа како едно од најголемите промашувања во Англија.
Изминатите шест месеци ги помина на позајмица во Вест Хем каде што исто така не импресионира. Се врати во Сити, а „граѓаните“ не го сакаат во своите редови и пак ќе го праќаат на позајмица.

Сега во повратникот во елитната англиска лига Ипсвич Таун на една година.
Тој би бил седмото летно засилување за „трактористите“. Досега ги донесоа Омари Хачисон од Челзи, Џејкоб Гривс од Хал, Лијам Делап од младинскиот тим на Манчестер Сити, Аријанет Муриќ од Барнли, Конор Таунсенд од ВБА и Бен Џонсон од Вест Хем.

ПретходноОпстанокот е обезбеден: Македонските кадети ја победија Италија
СледноРеал уште појак и поскап, Барселона и Атлетико во обид да го симнат од тронот