Кинеската тенисерка Жанг Шуаи влезе во историјата на женскиот тенис со непосакуван рекорд во број на едноподруго порази. Шуаи е поразена во првото коло на ВТА турнирот во Синсинати, што беше нејзин 22. пораз по ред и претставува нов тениски рекорд и во машка и во женска категорија.
Претходниот рекорд го држеше поранешниот американски тенисер Винс Спејд, кој од октомври 1999 година па до јуни 2000 година имал 21 пораз по ред. Шуаи последен пат победила на 31. јануари минатата година во првото коло на ВТА турнирот во Лион. Во тој месец била 22. тенисерка на светот, а потоа следува вртоглав пад и моментално е на 689 место на ВТА листата.