Во недела во 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра големото дерби во мак – фудбалот, силите ќе ги одмерат Вардар и Пелистер во рамките на 2.коло во новата сезона.
Се очекува солидна посета а на трибините ќе бидат и Комити и Чкембари, двете навивачки трибини.
Пред неколку часа со свое соопштение излезе домаќинот, тимот на Вардар со неколку сервисни информации, а вечерва тоа го стори и раководството на Пелистер.
Еве што се вели во соопштението на Пелистер кое се однесува за навивачите на битолскиот клуб:
СООПШТЕНИЕ ЗА НАВИВАЧИ
– На денот на натпреварот(недела, 18.08.2024) влезовите на стадионот ќе бидат отворени во 18:00ч.
– Југоисточниот дел на стадионот ќе биде наменет за сите останати посетители
– Службениот влез под североисточниот дел на Арената, ќе биде наменет за медиумските екипи
– Се молат навивачите на Пелистер на натпреварот да дојдат на арената навремено со цел да се избегне метеж при безбедносната проверка, како и при проверката на билетите.
– Внесување на тврди предмети(запалки, лименки, шишиња, монети, пиротехнички средства, алкохол, оружје итн.) ќе биде строго забрането.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Дваесет минути по почетокот на натпреварот, влезовите на стадионите ќе бидат затворени. Секој посетител кој ќе го напушти стадионот, нема да му биде дозволено одново да присуствува на трибините.