Килијан Мбапе на најдобар можен начин го започна својот престој во Реал Мадрид. Французинот веќе во официјалното деби го постигна својот прв гол во „кралскиот дрес“. Ова се случи во финалето на Суперкупот на Европа против Аталанта, кое го доби шпанскиот гигант со 2:0.
“Тоа беше одлична ноќ, долго го чекав овој момент – да го носам овој дрес и овој амблем, да играм за овие навивачи. Тоа е одличен момент за мене. Победивме, што беше важно бидејќи Реал мора секогаш да победува. Среќен сум, сè уште ќе се подобруваат сите, и тоа важи за мене, но денес беше важен прв чекор“, рече Мбапе.
Потоа беше прашан колку голови ќе постигне оваа сезона и дали може да достигне 50?
“Ние сме Реал Мадрид и немаме ограничување. Ако е 50, нека биде 50. Сепак, најважно е да победиме како тим. Само така ќе одиме напред. Се надевам дека ќе славиме уште многу голови со овој тим“, додаде Французинот.