Младата кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 16 години оствари нова победа на Б-европското првенство во Скопје. Вечерва во меч од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место, нашите млади кошаркари славеа над селекцијата на Данска со 70:67.
Во драматична завршница, Данска се обиде да се врати во натпреварот, но младите надежи на Македонија не дозволија никаков пресврт. Одлична партија и денеска имаше Цветковски кој постигна 15 поени, а одлично издание забележаа и Сребров со 14, Терзиевски и Данев со по 12 и Нешовиќ со 9 поени.
Противник на Македонија во следниот меч од разигрувањето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Португалија и Исланд кој е на програмата вечерва.