Неочекувана тренерска бомба – Маурисио Покетино!

1558

Маурисио Покетино се враќа на работа, бидејќи ги договорил сите услови да стане нов селектор – САД.

Во текот на ноќта се појави веста дека Аргентинецот ја прифатил понудата на Американската федерација со главна цел да води силна генерација на Светското првенство во 2026 година, чиј домаќин ќе биде САД, заедно со Канада и Мексико.

Покетино не доби доволно примамливи понуди од Европа, па реши да прифати нов и не лесен предизвик.

Фудбалот во Америка е во сериозна експанзија, особено откако на сцена стапи Интер Мајами на Бекам, предводен од Лионел Меси и неговиот тим од Барселона.

Но, да се вратиме на репрезентацијата, во САД има големи очекувања од тимот за кој настапуваат Пулишиќ, Сержињо Дест, Тимоти Веа, Јунус Муса, Вестон Мекени, Фоларин Балогун…

Може ли Покетино да направи изненадување на Светското првенство во 2026 година?

ПретходноСити ќе биде исфрлен од Премиер-лигата? Се соочува со 115 обвиненија!
СледноШок на Синсинати: Чешкиот тенисер го елиминираше Медведев