Одбојкарите вечерва преку Истанбул за Тбилиси на првиот меч од квалификациите за ЕП 2026

84

Македонскaта одбојкарска репрезентација вечерва со лет од Скопје преку Истанбул заминува за Тбилиси, каде в сабота ќе ги започне квалификациите за следното европско првенство во 2026 година. По долгиот едномесечен период на подготовки и десетина одиграни контролни средби, 13 одбојкари во составот на селекторот Хари Наковски заминуваат за првиот предизвик во квалификацискиот циклус, од кој се надеваме дека ќе дојдеме до ново учество на завршницата на евро-шампионатите.

Нашиот среден блокер Филип Савовски пред заминување вели дека Македонија ќе ја прифати фаворитската улога и се надева на две победи во овој период од квалификациите.

„Влегуваме во крајната фаза. Имавме доста тежок циклус на подготовки со многу тренинзи и пријателски натпревари. Формата ни е на некое коректно ниво, веќе сме подготѕвени за натпреварите. На првиот меч со Грузија влегуваме како благи фаворити, но сепак, ова се големи натпревари во кои фаворитот никогаш не се знае и треба да се даде максумум на секој меч. Се надеваме на победа, па потоа ќе размислуваме на мечот со Грција кој ќе биде дуел на две рамноправни екипи, но ние се надеваме на две победи“, вели Савовски.

Ова се и одбојкарите во изборот на селекторот Наковски со кои патуваме на првиот меч со Грузија в сабота во Тбилиси (14 ч.):

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев и Ефтим Ричлиев

Коректори: Никола Ѓорѓиев и Стојче Арсов

Примачи: Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ

Средни блокери: Филип Маџунков, Филип Савовски, Филип Лепидовски

Либера: Дарко Ангеловски, Костадин Ричлиев

ПретходноЧкембари дефинитивно ќе бидат присутни в недела во Скопје на ТОП – дербито против Вардар
СледноФото на денот: Шампионот на тим-билдинг по езерото!