Опстанокот е обезбеден: Македонските кадети ја победија Италија

497

Македонската кадетска репрезентација успеа да го искористи вториот џокер и да обезбеди опстанок во елитното друштво. Нашите ракометари ја совладаа Италија со 19-23 и за две години нашата земја повторно ќе биде дел од ЕХФ ЕУРО 18.

Дамјан Митев постигна шест гола, зад него беше Марин Крстев со четири, додека повторно за играч на мечот беше прогласен голманот, Ѓорѓи Николовски кој запиша 18 интервенции.

Мечот беше неизвесен, Македонија во првото полувреме имаше водство и од три гола (5-8 и 6-9), но противникот најде начин да се врати и на одморот да изедначи на 11-11.

Нашите момци ја подобрија играта во вториот дел, поведоа со 14-18 и се чинеше дека оваа предност ќе биде доволна да се урне отпорот на противникот. Но, во 54 минута Италија дојде на 17-18 по што Таневски побара тајм-аут, Митев реализираше за нови плус два (17-19). Во следниот напад, „црвено-жолтите“ останаа со играч помалку, а Митев повторно запиша важен гол за одржување на потребната предност. Италија не искористи два напади, Македонија ова успеа да го казни за Ѓокески и Крстевски реализираа за 18-22 и мирен финиш.

За кадетската селекција на Македонија следи финалната фаза од натпреварувањето, а тоа е за конечен пласман од 17-то до 20-то место нa ЕХФ ЕУРО М18.

ПретходноБрера се засили со 20-годишниот Самуел Наков Фуентес
СледноГо купија за 49 милиони евра, тој ги разочара, па сега го праќаат на нова позајмица