Официјално: Марко Ројс во дресот на ЛА Галакси! (ФОТО)

54

И официјално. Легендарниот Марко Ројс, иконата на Борусија Дортмунд, еден од најдобрите фудбалери во Германија во последните 15 години од денеска и официјално е нов член на ЛА Галакси, клуб кој се натпреварува во МЛС во САД.

Попладнево клубот од Лос Анџелес на својот сајт и своите социјални мрежи ја споделија оваа вест со што го промовираа својот нов член.Image

Договорот на Ројс со овој клуб е со важност до крајот на следната година.

Инаку во МЛС тој ќе им се придружи на Меси, Суарез, Алба, Жиру, Бускетс, Лорис…

Во секој случај ќе биде интересно.

ПретходноЛиверпул ќе чека за новиот договор со Ван Дајк
СледноКој е овде луд? Едниот е генијалец и платен е 400.000 евра годишно, другиот служи за потсмев и платен е 1.400.000 евра!