Последна шанса за опстанок: Кое сценарио за кадетите е победничко против Италија? (ЛИНК)

361

Македонската кадетска репрезентација против Грција не ја искористи првата меч топка во битката за опстанок на Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Црна Гора. Иако успеа да се врати од голема негатива, сепак драмата им припадна на ракометарите на нашиот јужен сосед кои славеа минимално.

Денеска „црвено-жолтите“ немаат право на кикс доколку сакаат да го задржат статусот во ова натпреварување. Противник на Македонија е селекцијата на Италија, дуел кој е закажан во 12 часот.

Во сите математики едно сценарио е сигурно и победнички за нашите кадети, а тоа е триумф над Италија од најмалку два гола. Доколку ова го остварат нема да чекаат разврска на останатите дуели.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија можете да го гледате на ЕХФ ТВ – ЛИНК.

ПретходноШок на Синсинати: Чешкиот тенисер го елиминираше Медведев
СледноНа Ѓоковиќ му се подготвува катастрофа и покрај златото на ЛОИ