По инцидентот во кој беше избоден, се огласи и таткото на Јамал!

180

Доцна синоќа медиумите во Шпанија пренесоа страшни вести, тоа дека таткото на Ламине Јамал бил избоден и дека учествувал во непријатен инцидент. Имаше две различни толкувања за тоа како дошло до инцидентот, но сега тоа е помалку важно. Поважно е тоа дека Мунир Насрауи, сега е добро и дека се огласи на социјалните мрежи со порака:

Ви благодарам на сите на охрабрувањата, сега ми е подобро“.

Инаку познато е дека Мунир е од Мароко, неговата мајка е од Екваторијална Гвинеа и затоа Ламине на своите копачки ги има знамињата на двете земји од Африка.

Младата ѕвезда на Барселона и репрезентацијата неодамна, за време на ЕУРОм наполни 17 години и беше еден од најзаслужните за триумфот на “Армадата“ на континенталниот шампионат.

ПретходноАбердин со порака и специјално видео: Ти благодариме Бојан! (ВИДЕО)
СледноЛиверпул ќе чека за новиот договор со Ван Дајк