Синот на Роналдињо се пресели во лигата каде што неговиот татко никогаш не заиграл

522

Синот на Роналдињо, Жоао Мендеш ќе ги израдува навивачите на Барнли од новата сезона. Тој потпиша договор на две сезони до летото 2026 година со англискиот тим каде пристигнува како слободен играч.

19-годишниот крилен напаѓач беше дел од школата на Барселона, но никогаш не доби шанса да биде дел од првиот тим на Каталонците.

Жоао Мендес ќе се обиде да се наметне во Англија, каде што неговиот легендарен татко никогаш не играл во својата извонредна кариера.

Од друга страна, Барнли ја започна сезоната во Чемпионшип со успех над Лутон, а избраниците на Скот Паркер се амбициозни повторно да обезбедат место во Премиер лигата, откако минатата година испаднаа од највисокото ниво на фудбалот на Островот.

ПретходноНа Ѓоковиќ му се подготвува катастрофа и покрај златото на ЛОИ
СледноМарко Ројс тргна кон Холивуд