Сити ќе биде исфрлен од Премиер-лигата? Се соочува со 115 обвиненија!

935

Судското рочиште на Манчестер Сити за 115 наводни прекршувања на правилата во Премиер-лигата треба да започне следниот месец. Исходот од се ќе биде познат на почетокот на следната година, а може да се случи клубот, доколку се докажат прекршувања на финансиските правила на Премиер-лигата, да биде исфрлен од натпреварувањето.

Ова го пишува Тајмс, додавајќи дека наскоро ќе започне независна истрага за наводите и дека расправата, доколку нема законски одолговлекувања во процесот, ќе трае околу два и пол месеци. Сити негира се за што е обвинет и тврди дека има докази кои покажуваат дека тој не е виновен.

„Сити се соочува со испаѓање од Премиер-лигата доколку се докажат најсериозните обвинувања против нив. Наводните прекршувања вклучуваат недавање точни финансиски информации за девет одделни сезони, ненаведување целосни детали за платите на поранешниот менаџер Роберто Манчини во текот на неговите четири сезони во клуб од 2009 до 2013 година, и не давање целосни детали за наградувањето на играчите – вклучувајќи го и оној на поранешниот играч од средниот ред Јаја Туре – за шест сезони од 2010/11 до 2015/16 година“, според Тајмс.

„Сити исто така е обвинет дека не соработувал со истрагата и не ги предал документите како што се барале во текот на пет сезони од 2018/19 до 2022/23 година“, се додава.

Испаѓањето од Премиер лигата би било најлошиот можен исход за клубот кој го освојуваше натпреварувањето во последните четири сезони, но тоа не е единствената можна форма на казна. Можна е и загуба на бодови, што беше видливо по примерот на Евертон минатата сезона.

Да потсетиме, УЕФА во 2019 година го исфрли Сити од Лигата на шампионите на две сезони, но Судот за спортска арбитража ја укина таа казна. Потоа беше обвинет за тајно финансирање.

ПретходноСе појави видео-снимка од жестоката расправија на таткото на Ламин Јамал кој беше прободен со нож (ВИДЕО)
СледноНеочекувана тренерска бомба – Маурисио Покетино!