Судии за ПМФЛ: “Дербито на Македонија“ за Стојчевски!

1318

Во недела се играат сите мечеви од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Јасно е дека централен настан ќе биде “Дербито на Македонија“ во кое се среќаваат Вардар и Пелистер. Овој меч се игра на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20 часот. Главен судија на ова дерби ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.

Во продолжение можете да ги видите кој ќе суди на останатите средби:

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 2.КОЛО (18.08.2024 – 17 Ч)

Кавадарци: Тиквеш – Воска (Марјан Младеновски – Скопје)

Штип: Гостивар – Шкупи (Димитар Пилешков – Штип)

Кратово: Силекс – Брера (Крумислав Ѓорѓиев – Штип)

Тетово: Шкендија – Работнички (Јован Качевски – Струга)

Струга: Струга ТЛ – Беса (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

НЕДЕЛА, 20 Ч

Скопје: Вардар – Пелистер (Игор Стојчевски – Скопје)

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Џирона го претстави новиот голгетер – Бојан Миовски
СледноБрера се засили со 20-годишниот Самуел Наков Фуентес