Одамна немало прволигашки дерби Вардар – Пелистер на Арената. Што поради статусот на двата наши со традиција клубови, што поради смешни одлуки за забрана на гостински навивачи. Сега, сето тоа е минато и дербито помеѓу Вардар и Пелистер в недела на Арената од 20 часот ќе биде збогатено не само со присуство на домашните Комити туку и на Чкембарите.
“Спортспорт“ дознава дека во ФК Вардар е пристигната информација за присуство на навивачи од Битола и тоа околу 5 до 6 автобуси односно околу 300 тифози. Тоа значи дека покрај домашниот спектакл кои го подготвуваат Комити ниту гостите нема да останат покусо и ќе приготват нешто свое за омиленото им гостување. Јасно е дека овој натпревар е прогласен за натпревар од висок ризик.