Екипата на Шкупи денеска потврди две нови имиња за продолжението од сезоната во ПМФЛ. Според потврдените информации од клубот, на Чаир останува Бесар Гуџуфи, кој во текот на минатата сезона беше на позајмица од Бешикташ, а сега има договор со чаирчани.
Гуџуфи потпиша целосен договор со Шкупи, откако претходно ги носеше и дресовите на Вардар и Беласица.
Второто засилување е Есмин Личина. 26-годишниот фудбалер од средниот ред му се приклучи на Шкупи од косовскиот тим Малишева.