Македонскиот кајакар Љубомир Спасиќ го освои третото место на првото официјално светско првенство во Мастерс А во Саберо, Шпанија.
Искусниот Спасиќ кој е член на македонската кајакарска репрезентација, денеска се пласираше на третото место на трката во кајак спуст класик во категоријата мастерс и за 0,62 секунди не успеа да го освои второто место, а имаше заостанување од 21.3 секунди зад најдобриот во оваа дисциплина.
Шампион стана Лорен Маритин од Франција, додека второто место го освои Ксавијер Миралес Пратс од Шпанија.