Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали од 28 август повторно ќе може да игра фудбал, соопшти англискиот клуб.
„Клубот доби официјална потврда од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) дека суспензијата на нашиот играч истекува на 27 август“, се вели во соопштението.
Па така Тонали се враќа во тимот по десетмесечната суспензија поради недозволено обложување.
Инаку Тонали во јули 2022 година дојде во Њукасл за 70милиони евра. Во октомври минатата година ФИГЦ го суспендираше фудбалерот поради кршење на правилата за обложување на натпревари. ФИФА тогаш одобри казата од ФИГЦ да важи и за во Англија.
Исто така тој помина и програма за рехабилитација од зависност од обложување.