Историски пад – нова рекордерка во тенисот по број на порази во низа

397

Кинеската тенисерка Жанг Шуаи влезе во историјата на женскиот тенис со непосакуван рекорд во број на едноподруго порази. Шуаи е поразена во првото коло на ВТА турнирот во Синсинати, што беше нејзин 22. пораз по ред и претставува нов тениски рекорд и во машка и во женска категорија.
Претходниот рекорд го држеше поранешниот американски тенисер Винс Спејд, кој од октомври 1999 година па до јуни 2000 година имал 21 пораз по ред. Шуаи последен пат победила на 31. јануари минатата година во првото коло на ВТА турнирот во Лион. Во тој месец била 22. тенисерка на светот, а потоа следува вртоглав пад и моментално е на 689 место на ВТА листата.

ПретходноЛуис Енрике: “Без Мбапе ќе покажеме дека фудбалот е тимска игра!“
СледноРеал ги дигна цените на билетите на рекордно ниво