Луис Енрике: “Без Мбапе ќе покажеме дека фудбалот е тимска игра!“

307

Ова лето ПСЖ остана без својата мега – ѕвезда. Килијан Мбапе го оствари својот сон и веќе почна да игра и да дава голови за Реал Мадрид. Сега се поставува прашањето како ПСЖ ќе се снајде без него, каква ќе биде тактиката на тренерот Луис Енрике без Мбапе.

Ќе мора да се направи пресврт во нашата игра. Порано кога беше тука Килијан секој напад го гледавме него, тој е расен стрелец, но опциите не ни беа толку големи. Сега е поинаку, сега имаме безброј опции во средината на теренот, па и во нападот, имаме повеќе играчи кои можат да играат на повеќе позиции. Тоа е тешкотија за мене, но затоа ќе покажеме дека фудбалот е тимска игра. Според мене подобро е да имаш четири играчи кои би постигнале во сезона по 12 голови, значи 48, отколку да имаш еден кој би постигнал 40 голови“ посочи стратегот на ПСЖ во пресрет на утрешното гостување кај Ле Авр во меч од 1.коло во Лига 1.

ПретходноМЗТ Скопје ги почна подготовките за одбраната на двојната круна
СледноИсториски пад – нова рекордерка во тенисот по број на порази во низа