Реал уште појак и поскап, Барселона и Атлетико во обид да го симнат од тронот

422
FOTO> x.com/LaLigaFRA

Со мечот меѓу Атлетик Билбао и Хетафе на „Сан Мамеш“ денес (19:00 часот) почнува новата сезона во шпанската Ла Лига. Реал Мадрид е голем фаворит за одбрана на тронот, Барселона има нов тренер и неколку нови играчи, Атлетико исто така добро се засили, па овие три екипи се во потесниот круг за првото место на табелата.

Реал ја заврши „сапуницата“ со ангажманот на Килијан Мбапе и веќе тргна со трофеј освојуваќи го европскиот Супер куп. Но „кралевите“ останаа без Тони Крос кој се пензионираше, Начо Фернандез замина во С.Арабија и Хоселу кој отиде во Катар. Од ветераните останаа Модиќ и Дани Карвахал.
Реал има неверојатен ростер на млади играчи чија што пазарна вредност е огромна. Така Мбапе, Винисиус, Белингем вредат 180 милиони евра, Валверде на 120 милиони, Родриго 110 милиони, Каманвинга и Чуамени по 100 милиони евра… Значи Реал најскап во историјата и уште посилен во однос на претходните неколку години.

Барселона го врати Дани Олмо по неговите успешни настапи во Динамо Загреб и Лајпциг, но на крајот немаше финансиска моќ да го ангажира и Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. Сепак, Олмо заедно со Јамин Јамал и Гави треба да бидат столбовите на Барса.

Атлетико го ангажираше Хулијан Алварез од Манчестер Сити и светски шампион со Аргентина, дојде и Александар Сорлот од Виљареал, во дефанзивниот ред е репрезентативецот Робин ле Норманд кој дојде од Сосиедад, се беше договорено и со Конор Галахер од Челзи но засега тој трансфер е стопиран. Заминаа Алваро Мората, стоперот Сојунџи и играчот од средниот ред Саул Нигез.

Се чини се она четврто место ќе има силна конкуренција, баскиските Атлетик Билбао, Сосиедад, Севиља, Валенсија и Виљареал.
На терените ќе го гледаме и македонскиот голгетер Бојан Миовски кој за осум милиони евра го засили хитот од минатата сезона Џирона. Исто така и македонскиот голман Столе Димитриевски во нов клуб – Валенсија.

Да кажеме дека повратници во елитата се Леганес, Еспањол и Ваљадолид.
KOMПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ЛА ЛИГА НА ОВОЈ ЛИНК

ЛА ЛИГА – 1.КОЛО
ЧЕТВРТОК (15.08.2024)
АТЛЕТИК БИЛБАО – ХЕТАФЕ 19 ч.
БЕТИС – ЏИРОНА 21:30 ч.

ПЕТОК (16.08.2024)
СЕЛТА – АЛАВЕС 19 ч.
ЛАС ПАЛМАС – СЕВИЉА 21:30 ч.

САБОТА (17.08.2024)
ОСАСУНА – ЛЕГАНЕС 19 ч.
ВАЛЕНСИЈА – БАРСЕЛОНА 21:30 ч.

НЕДЕЛА (18.08.2024)
СОСИЕДАД – РАЈО ВАЉЕКАНО 19 ч.
МАЈОРКА – РЕАЛ МАДРИД 21:30 ч.

ПОНЕДЕЛНИК (19.08.2024)
ВАЉАДОЛИД – ЕСПАЊОЛ 19 ч.
ВИЉАРЕАЛ – АТЛЕТИКО МАДРИД 21:30 ч.

ПретходноГо купија за 49 милиони евра, тој ги разочара, па сега го праќаат на нова позајмица
СледноЈилдиз е новата 10-ка на Јувентус – по стапките на неговиот идол Дел Пјеро