Јилдиз е новата 10-ка на Јувентус – по стапките на неговиот идол Дел Пјеро

243

Јувентус ја осигура тинејџерската сензација Кенан Јилдиз, а како награда му ја даде десетката на дресот, која носи голема одговорност. Оваа бројка во минатото ја носеле Мишел Платини, Роберто Баџо, Алесандро Дел Пјеро, Карлос Тевез… Од сега и младиот Кенан Јилдиз кој до сега има 32 меча и 4 гола за „Старата дама“.

Јилдиз е роден во Германија, играл за младинскиот тим на Баерн Минхен, па за младинскиот тим на Јувентус, а во 2023 година е промовиран во првиот тим. Со оглед на тоа дека има турско потекло, Турците победија во трката по него и тој до сега има 12 настапи за националниот тим.

„Како мал идол ми беше Алесандро Дел Пјеро. Имав излепено многу постери од него во мојата соба“, изјави Килдиз.

ПретходноРеал уште појак и поскап, Барселона и Атлетико во обид да го симнат од тронот
СледноСрбљак го заврши настапот во Куршумлиска бања