Новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот покажа смиреност пред почетокот на новата сезона и покрај тоа што „Црвените“ се единствениот клуб од Премиер лигата кој допрва треба да ангажира нови играчи. Големата цел Мартин Зубименди на крајот одби трансфер на Енфилд, но Слот инсистира дека има доволно силен тим.
Сепак, тој увери дека спортскиот директор Ричард Хјуз прави се што е можно за да го засили тимот пред да се затвори прозорецот.
„Многу пати сум кажал дека имаме навистина силен состав, така што не е лесно да се најдат играчи кои ќе го направат уште посилен. Зубименди беше таков, но реши да не дојде кај нас, па продолжуваме со тоа што го имаме. Ние сме во добра позиција, Ричард Хјуз продолжува да се обидува да го подобри составот. Зубименди не сакаше да дојде, иако Ричард се обиде се. Во основа го задржавме истиот тим од минатата сезона, но ги загубивме Тиаго Алкантара, Жоел Матип и Адријан. Секогаш се зборува за трансфери, но ситуацијата околу нашиот состав е позитивна. Ако не станеш посилен, дали стануваш послаб? Јас и Ричард се обидуваме да го засилиме тимот. Ако мислиме дека најдовме таков човек, ќе се обидеме да го донесеме. За жал, тој што го најдовме рече не“, кажа Слот.
Во врска со ситуацијата околу Вирџил ван Дијк, Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд, кои влегоа во последната година од нивните договори, Слот рече:
„Мислам дека ова не е местото да се зборува за договори, но можам да ве уверам дека сите играчи на кои им истекуваат договорите се во групата за утрешниот натпревар (со Ипсвич).
Подготвени сме. Ги гледавме нивните игри во претсезоната и минатата сезона. Вистина е дека во клуб кој штотуку избои промоција, секогаш има многу позитивност, но секој натпревар во Премиер лигата е интензивен, тоа го очекуваме и утре“, додаде Холанѓанецот.
Менаџерот исто така увери дека и покрај шпекулациите околу Луис Дијаз, Колумбиецот ќе остане во тимот.