Бизарно: Марсеј суспендира играч затоа што на соиграч му посакал среќен роденден

1368
Фото: Screenshot

Францускиот Олимпик Марсеј суспендираше фудбалер од младинскиот тим поради тоа што на соиграч на Инстаграм му посакал среќен роденден.
Според „Ла Провенс“, Рајан Хасад се најде на тапет поради тоа што му посакал среќен роденден на соиграчот Шансел Мбемба. Клубот оценил дека пораката била провокативна.
Хасад постирал своја слика и на својот соиграч на сторито на Инстаграм со порака: „Среќен роденден братучед“.

Клубот се налутил за терминот братучед и верува дека има врска со инцидентот пред неколку денови помеѓу Мбемба и тренерот на младинскиот тим Али Зарак.
Од клубот не им се допаднала природата на пораката и е убедена дека има врска со споменатиот инцидент исто така пораката е навредлива и за играчот бидејќи Хасад е Алжирец, а Мбемба од ДР Конго и непочитување на инструкциите дадени од страна на стручниот штаб.
Како и да е Хасад се извинил за постапката наведувајќи дека тоа била чиста искрена роденденска порака, но суспензијата ќе му остане, а до кога? Тоа ќе одлучи стручниот штаб…

ПретходноПо само еден месец Алкантара го напушти стручниот штаб на Барселона
СледноПристигна нова ѕвезда во Ел-Еј