ЖФК Љуботен се засили со екстра квалитетна фудбалерка од Колумбија! (ФОТО)

101

Бомба“ во женскиот фудбал во Македонија. ЖФК Љуботен се засили со екстра квалитетно име, а тоа е Ингрид Видал, репрезентативка на Колумбија.

Таа доѓа на позајмица во ЖФК Љуботен и од клубот најавуваат дека Видал е најзвучното и најквалитетно име кое некогап играло во женската фудбалска лига на Македонија:

May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text

Another International Mega Transfer

Welcome, Добродојде, Bienvenido Ingrid Julieth Vidal Isaza

Најновото засилување на шампионот е Колумбиската репрезентативка Ingrid Vidal, која ни доаѓа на позајмица од America De Cali една од трите најдобри екипи во Колумбија!

Ingrid во своето портфолио има репрезентативни настапи на Светско првенство, Олимписки игри, Пан американски игри, како и клубските во Conmebol Libertadores Femina. Најдобар стрелец во колумбиското првенство, 54 репрезентативни настапи за Колумбија 11 голови, се само дел од биографијата на Ingrid!

Со Ingrid нападот станува супер силен и вистинска опасност за сите не само во домашното првенство туку и во престојните настапи во лигата на шампионите!

Ingrid Vidal неспорно ќе биде најзвучното и најквалитетното име кое до сега има настапувано во Македонија, како според квалитетот така и според нејзината биографија!

Сите ние се надеваме дека овие квалитети ќе ги прикаже на настапите за ЖФК Љуботен!“

напишаа на социјалните мрежи од редовите на ЖФК Љуботен.May be an image of 4 people, people playing football, people playing soccer and text

ПретходноАрне Слот го коментира фијаското со Зубименди и недостатокот на нови засилувања во Ливерпул
СледноПремиерот Мицкоски оствари средба со претседателот на ФИБА Европа Хорхе Гарбахоса!