ПСЖ се мачеше до 85. минута, па потоа постигна три гола (ВИДЕО)

125

Францускиот првак ПСЖ прописно се намачи за стартната победа во новта сезона на Лига 1. На отворањето на сезоната во Франција, ПСЖ славеше со 4:1 на гостувањето кај Ле Авр, но победата не дојде нималку лесно.

На пет минути до крајот беше 1:1, а потоа резервите на Енрике се потрудија да ја обезбедат првата сезонска победа. ПСЖ поведе во третата минута со голот на Кореецот Ли, додека домашнитеизрамнија по само три минути игра во вториот дел.

Усман Дембеле во 85. Минута погоди за 1:2, а Баркола погоди за 1:3. Конечните 1:4 ги постави Рандал Коло Муани од белата точка.

ПретходноКомпани на клупата на Баерн тргна со убедлив триумф во Купот (ВИДЕО)
СледноЦиркзе со деби-гол му донесе победа на Манчестер Ј. на отворањето на сезоната (ВИДЕО)