Христијан Милошески се врати во РК Бутел

78
РК Бутел го ангажираше левиот бек Христијан Милошески кој има 25 години (191/83) и доаѓа од тимот на Голден Арт, каде што настапуваше последните две сезони. Кариерата ја започна во Филип Вардар од Прилеп, а беше дел и од тимовите на Прилеп, Вардар Јуниор и Работнички.
Ми претставува чест што повторно ќе бидам дел од тимот на Бутел и како играч ќе го вложам цел мој капацитет како и секогаш досега. Верувам дека нашата екипа, на чело со тренерот и управувачкиот тим, оваа сезона ќе постигне голем успех“, вели Милошески.

Прилепчанецот по три сезони се враќа одново во РК Бутел, каде настапуваше во сезоните 2019/20 и 2020/21.

Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодески и Тодор Узунчев, средниот бек Леонид Киселовски и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.
ПретходноАјакс и Панатинаикос поставија европски рекорд по број на изведени пенали
СледноПочнува Премиер лигата: Сити фаворит, можеби е време Арсенал да го крене трофејот?