Гатузо го посочи виновникот за бламажата на Полјуд

3081

Џенаро Гатузо досега одигра околу 30 натпревари во натпреварувањата на УЕФА, а слободно може да се каже дека неговата елиминација од Ружомберок во квалификациите за конференциската лига е најголемото понижување во неговата тренерска кариера.

На прашање вината за новата европска бламажа на белите од Полјуд чиј дел е македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, тој имаше интересен одговор.

“Ова не е мој личен пораз. Ова боли и боли, но таков е фудбалот. Загубивме неверојатен натпревар, имавме 5-6 чисти шанси. Во фудбалот треба да постигнете гол. Што да му кажам на тимот? Страдавме цел натпревар поради загубена топка. Но, 15-ти август е, мора да гледаме напред и да извлечеме нешто позитивно од ова“.

Тој потенцира дека се уште се гледа на клупата на сплитскиот клуб.

“Јас сум тренер кој тренира играчи. Клубот добро ја знае ситуацијата, знае што ми треба. Тие знаат дека ми требаат уште играчи. Очекувам добра сезона. Нема да плачеме, ќе кренеме глави”.

Потоа на некој начин вината за испаѓањето ја префрли на спортскиот директор Никола Калиниќ бидејќи не му обезбедил доволно широк играчки кадар.

„Немаме тим да играме на две патеки. Има многу млади играчи кои не се подготвени, но ќе растат со текот на времето. После таков пораз не би зборувал за играчите кои би можеле да дојдат. Тоа се прашања за спортскиот директор и претседателот кој може да каже каква е ситуацијата“. 

Така, топката е префрлена на Калиниќ, кој ќе мора да ангажира голем број засилувања во следните две недели доколку сака Хајдук да биде конкурентен во новата сезона.

ПретходноРеал ги дигна цените на билетите на рекордно ниво
СледноГолем успех за Шишковски и Борац Бања Лука – ќе играат плеј-ф во ЛЕ