Елмас е повреден, не е во комбинација кај “биковите“ за утрешниот меч во Купот на Германија!

164

Елиф Елмас и дефинитивно ќе го пропушти стартот на сезоната во Германија. Имено тој нема да биде биде во комбинација за урешниот меч во Купот на Германија в кој Лајпциг се среќава со Есен и тоа на гости.

Денеска на прес – конференција во пресрет на стартот на сезоната свое излагање имаше тренерот на “биковите“ Марко Розе кој истакна дека поради полесна повреда, тој не може да смета на Елмас и дека очекува во текот на наредната седмица нашиот фудбалер да се врати на тренинзите.

Розе сепак не беше дециден дали Дијамантот ќе успее да заздрави за следниот викенд кога стартува и сезоната во Бундеслигата.

ПретходноПремиерот Мицкоски оствари средба со претседателот на ФИБА Европа Хорхе Гарбахоса!
СледноОдбојкарите со прв тренинг во Тбилиси, утре одиме на прва победа