Ждрепката за 1/16 финалето на Купот на Македонија ќе се одржи во вторник!

634

Првата лига веќе стартуваше, Втората лига утре ќе стартува а наскоро ќе започнат и мечевите во нашето најмасовно спортско натпреварување, а тоа е Купот на Македонија.

Како што дознаваме, ждрепката за 1/16 финалето или 1.коло во Купот на Македонија ќе се одржи во вторник (20 август) со почеток од 12 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Да потсетиме дека титулата во Купот оваа сезона ќе ја брани тимот на Тиквеш, имено кавадарчани во последното финале во мај ја победија Воска со 2:1 и со тоа го освоија пехарот, стигнаа до историски успех, најголем во клупската историја.

ПретходноЈокиќ не знае за доста: Повторно качен на столче и повторно “Проклета е Америка“! (ВИДЕО)
СледноЈа обвинуваа дека е машко, а еве како изгледа надвор од рингот!