Компани на клупата на Баерн тргна со убедлив триумф во Купот (ВИДЕО)

196

Фудбалерите на Баерн Минхен тргнаа со победа во новата сезона, откако во 1. коло од Купот на Германија на гости го совладаа тимот на Улм со 4:0.

Баварците на убедлив начин ја започнаа новата сезона под водство на новиот тренер Винсент Компани, кој ја оствари очекуваната победа против новопечениот второлигаш. Белгиецот реши да одмори некои од клучните фудбалери на тимот како Хари Кејн и Алфонс Дејвис, но сепак почна со многу очекувани стартери кои ќе бидат носители на тимот сезонава.

Головите за победа на баварците ги постигнаа Томас Милер, кој за само три минути постигна два гола, 12. и 15. минута од натпреварот, Кингсли Коман и Хари Кејн.

[DFB Pokal] Ulm vs Bayern München – Bayern Firework Show at Halftime
byu/suedney insoccer

ПретходноСтруга 2024: Е. Пелистер го победи ПАОК и закажа финале со Вардар
СледноПСЖ се мачеше до 85. минута, па потоа постигна три гола (ВИДЕО)