Миовски со емотивна порака до фановите на Абердин

310

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски во следните четири години ќе го носи дресот на Џирона. Во редовите на шпанскиот тим доаѓа од Абердин каде мина две фантастични сезони и доби простор да ги покаже своите голгетерски квалитети.

Пред да замине за Шпанија, Миовски се збогува со фановите на Абердин, а колку мина убави денови во Шкотска говори и неговата емотивна порака на социјалните мрежи посветена токму на клубот и навивачите.

„Сакам да ви се заблагодарам на сите за прекрасните две години што ги поминав во овој голем клуб, фантастичен град и неверојатни луѓе. Направивте да се чувствувам како дома, напредував, благодарение на вашата поддршка, бидејќи секогаш знаев дека верувате во мене без разлика на се. Од моја страна секогаш го давав макмумумот, за да можам да го вратам она што ми го давате. Ме научивте како да се заљубам во клубот. Ви благодарам многу за тоа и секогаш ќе бидам благодарен што ми ја дававте оваа поддршка во моето двегодишно патување во Абердин. Јас секогаш ќе бидам ваш најголем поддржувач и им посакувам на момците успеси оваа сезона и во иднина. Еднаш Дон – секогаш Дон“, порача Миовски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojan Miovski (@miovskibojan)

ПретходноДождот го прекина дуелот меѓу Алкараз и Монфис во деликатен момент
СледноТотенхем суспендираше играч поради вдишување на азотен оксид