Почнува Премиер лигата: Сити фаворит, можеби е време Арсенал да го крене трофејот?

232

Денеска се крева завесата на новата сезона во англиската Премиер лига, според многумина најсилната фудбалска лига на светот. Вистинско шоу се натпреварите од елитната англиска лига, па не попусто на голем број на фудбалери сон им е да заиграат токму на овие стадиони и во фантастична атмосфера.

Манчестер Сити е бранител на трофејот, веројатно и прв пик за титулата. Се разбира најголем проблем за Пеп Гвардиола е како да ја одржи мотивацијата на високо ниво бидејќи веќе го години доминира во англиската елита.

Можеби ќе го пронајде во податокот дека никој до сега не освои четири титули во низа. Тоа може да му успее на Сити, па и тоа може да биде водилка во новата сезона. Ќе биде интересно во наредните месеци затоа што „граѓаните“ ќе одговараат на 115-те прекршоци на финансискиот фер-плеј и како тоа ќе се одрази на нив.
Што се однесува со составот, Гвардиола ангажираше само десно крило во Савињо од Троа. Притоа заминаа Хулиан Алварез (Атлетико), Тејлор Харвуд Белис (Саутемптон), Серхио Гомез (Сосиедад), Томи Дојл (Вулверхемптон), Јан Коуто (Дортмунд, позајмица).

Можеби е време за Арсенал. „Топчиите“ минатата сезона беа многу блиску меѓутоа се сопнаа во финишот и распрнаа соништата за титулата. „Топчиите“ го продадоа само Емил Смит Роув (Фулам), а се ослободија од непожелните Ел Нени, Оконкво, Луконга, Тавареш, Седрик Суарес кои и онака не беа првотимци.
Го откупија голманот Давиде Раја од Брентфорд и ја засилија одбраната со италијанскиот бек Рикардо Калафиори, за кого тренерот Микел Артета имаше пофални зборови.

Ливерпул и Челзи имаат нови тренери. „Црвените“ место Јирген Клоп го донесоа Арне Слот. Челзи ќе се обиде да се врати на патеката на славата со Енцо Мареска. „Сините“ повторно трошеа на трансфер пазарот. Педро Нето (60 милиони), Кирнан Десбери-Хал (35 милиони евра), Филип Јоргенсен (24 милиони), Анселмино (16 милиони), Ренато Веига (14 милиони), Кејлеб Вајли (10 милиони), Марк Гуи (6 милиони).
Ако повторно потфрлат тоа ќе биде голем проблем за поранешниот англиски и европски шампион.

Што да се каже за Манчестер Јунајтед? Го загубија мечот од Комјунити шилд на стартот на сезоната, го ангажираа Мазруи на бековската позиција и покрај тоа што навивачите не се убедени дека е направен вистински потег. Го продолжија договорот со Бруно Фернандеш што е добра работа, а нападот го засилија со Џошуа Зиркзе. Холанѓанецот беше добар во Италија ќе видиме како ќе се снајде во англискиот фудбал.
Тен Хаг очекува младиот Коби Мејно да блесне оваа сезона како што блесна Јамал во Барса минатата.

Toa е кругот на екипи кои би требало да ја одбележат сезоната во Премиер лигата, според се она што прикажаа во подготвителниот период, финансиската работа, засилувањата. Ќе видиме, можеби ќе се појави некој како Џирона во Шпанија или Болоња од Италија и ќе изненади…

ПРЕМИЕР ЛИГА; 1.коло

ПЕТОК (16.08.2024)
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ФУЛАМ 21:00 ч.
САБОТА (17.08.2024)
ИПСВИЧ – ЛИВЕРПУЛ 13:30 ч.
АРСЕНАЛ – ВУЛВЕРХЕМПТОН 16 ч.
ЕВЕРТОН – БРАЈТОН 16 ч.
ЊУКАСЛ – САУТЕМПТОН 16 ч.
НОТИНГЕМ – БОРНМУТ 16 ч.
ВЕСТ ХЕМ – АСТОН ВИЛА 18:30 ч.
НЕДЕЛА (18.08.2024)
БРЕНТФОРД – КРИСТАЛ ПАЛАС 15 ч.
ЧЕЛЗИ – МАН. СИТИ 17:30 ч.
ПОНЕДЕЛНИК (19.08.2024)
ЛЕСТЕР – ТОТЕНХЕМ 21 ч.

ПретходноХристијан Милошески се врати во РК Бутел
СледноПо само еден месец Алкантара го напушти стручниот штаб на Барселона