Ракометарите на Е. Пелистер ќе играат во финалето на 52. Издание на традиционалниот турнир во Струга, откако вечерва одиграа доминантно на дуелот со ПАОК и остварија победа од 36-20.
Битолчани за противник во финалето ќе ого имаат Вардар, кој претходно славеше против Гуиф.
На денешниот дуел со грчкиот тим, Радивојевиќ постигна 9 гола, додека Кузмановски имаше 6. Финалето е на програмата утре од 21 часот.