Ѓорѓевиќ е прв асистент, Терзиевски прв „крадливец“, додека Цветковски трет стрелец на шампионатот

153

Статистичкиот поглед на досегашниот дел од турнирот ги потврдува добрите игри на нашата селекција „Под 16“ години. Во овој момент, нашиот млад репрезентативец Григориј Ѓорѓевиќ е прв асистент на првенството. Во просек реализира по 5.8 успешни додавања до соиграчите кои го ставаат на лидерското место во овие статистички параметри.

Заедно со Жарко Терзиевски, Ѓорѓевиќ котира на првата позиција и на листата на играчи со најголем број на освоени топки. Двајцата имаа по 17 на досега пет одиграни натпревари, односно просек од 3.4 по натпревар.

Од друга страна, Ѓорѓи Цветковски е трет стрелец на шампионатот. Бекот на македонскиот кадетски состав на пет одиграни натпревари има вкупно 93.поени, односно има просек од 18.6 поени.

Пред неговиот се само ефектите на Лоркан Бејли Мороу (Ирска), кој има 19.8, и лидерот во оваа категорија, Романецот Давид Јоан Расога, кој е на 20.3 поени.

Тимски гледано, Македонија е петтопласирана на листата на репрезентации со најголем број на реализирани поени. Во просек, избраниците на селекторот Александар Јованчев реализираат по 78.6 поени.

Води Романија со 91.3, пред Црна Гора која е на 80.3 и Белгија која има нешто пониски 80.2. поени по натпревар.

Петти сме (заедно со репрезентацијата на Црна Гора) и на листата на екипи со најголем број на асистенции – по 16.8 по натпревар.

Уште повисоко котираме на листата на селекции со најголем број на освоени топки. Трети сме со просечни 14.4 освоени топки, а пред нас се само Романија (19.2) и Австрија (16.0).

Дуелот меѓу Македонија и Португалија можете да го гледате на ЛИНКОТ во продолжение.

https://www.youtube.com/live/wgNgrWVi4Mo

ПретходноЈувентус не се откажува од Холанѓанецот, Аталанта доби нова понуда
Следно„Алкараз веќе е легенда како Ноле, Рафа и Роџер“