Јуниорската одбојкарска репрезентација на Македонија славеше во денешниот меч од разигрувањето на Балканското првенство во Србија против селекцијата на Молдавија со 3:2 и обезбеди битка за 5. место.
Нашите јуниори одиграа еден тежок меч за пласман од 5. до 7. Место и на крајот во пет сета однесоа победа од 3:2 (25:27, 30:28, 20:25, 25:21, 15:13). Молдавците со овој пораз го завршија настапот на првенството на 7. место. Големиот талент во нашата селекција, Тоше Ефремов заврши како најдобар поентер со 25 поени, но одличен настап имаше уште еден млад бисер на нашата одбојка, Јован Милев, кој реализираше 18 поени. Иван Станков имаше 9, додека додека Глигоров заврши со 8 поени.
Во последниот меч на балканскиот шампионат нашите млади одбојкари ќе играат против Албанија во обид на крајот да завршиме на петтата позиција.