Мастерсот во Синсинати полека се вжештува, а дождот рано утринава го прекина многу интересниот дуел меѓу вториот носител Карлос Алкараз и искусниот Французин Гаел Монфис.
Алкараз водеше во моментот на паузата со 1:0 во сетови (6:4), а во вториот сет се играше тај-брејк во кој прекалениот Французин имаше водство од 3:1.
Победникот ќе биде објавен подоцна денеска. Продолжението е закажано за околу 18 часот и 30 минути.
Победникот од овој меч во осминафиналето ќе се сретне со Холгер Руне.
Да потсетиме, доколку Алкараз влезе барем во четвртфиналето на Синсинати, ќе го преземе второто место на АТП листата од Новак Ѓоковиќ и ќе биде втор носител на претстојниот УС Опен.