Компани брутално го исфрли од тимот, а сега за него се интересира Ливерпул!

1245

И дефинитивно Леон Горецка, до пред година – две, еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен и репрезентаццијата на Германија, не е во плановите на новиот стратег на “баварците“ Винсент Компани. Горецка е далеку од својата препознатлива форма и јасно беше дека новиот тренер си има свои планови.

Интересно е тоа што Горецка пред неколку дена ставил до знаење дека без разлика на се сака да остане во Баерн и да се бори за првотимскиот статус, но Компани преку своите соработници и раководството на клубот, му кажал дека на него не смета.

Во врска со Горецка прво клубот од Минхен се “правдаше“ дека тој е повреден, но сега се е јасно.

Ново е тоа што денеска интерес за Горецка пројавил Ливерпул кој во текот на овој летен преоден рок сеуште не ангажирал ниту еден нов играч.

Треба да се знае дека договорот на Горецка со Баерн Минхен е до 2026 година.

ПретходноЈа обвинуваа дека е машко, а еве како изгледа надвор од рингот!
СледноНека е со среќа Бојан: Вака изгледаше првиот работен ден на Миовски во Џирона! (ВИДЕО)