Струга 2024: Вардар го прегази Гуиф за место во финалето

170
facebook Меѓународен ракометен турнир Струга

Ракометарите на Вардар без поголеми проблеми ја остварија и втората победа во рамките на групната фаза на 52. издание на Меѓународниот турнир во Струга. Во првиот меч од денешната програма, „вардарци“ славеа со 32:18 против шведскиот состав Гуиф и со тоа го освои првото место во групата.

Оваа победа практично значи дека „црвено-црните“ ќе играат во финалето на турнирот, а за противник ќе го имаат подобриот од вториот вечерен дуел меѓу Е. Пелистер и ПАОК кој решава за првото место во втората група.

Маргели со седум гола и Ќосевски со пет беа најефикасни во составот на Вардар.

ПретходноОдбојкарите со прв тренинг во Тбилиси, утре одиме на прва победа
СледноКадетите ја „средија“ и Португалија, сега ги чека меч за 9. место